[ФОТО] Како да излегла од светско модно списание: Русокосата Македонка Иларија Кирилов заводлива и женствена пред објективот

Кармин

18/08/2026

14:45

578

Големина на фонт

а а а

Убавата манекенка Иларија Кирилов важи за едно од најпрепознатливите лица на домашната модна сцена, а со својот впечатлив изглед, харизма и специфична појава одамна го привлече вниманието и надвор од границите на Македонија.

Иларија често е дел од различни рекламни кампањи, како на домашни, така и на регионални брендови, а нејзиниот препознатлив лик и професионалност се едни од причините поради кои е чест избор за модни и комерцијални ангажмани. Кога ќе се појави пред камерите, тешко е да остане незабележана – токму поради начинот на кој ја носи секоја комбинација и лесно ја претвора во впечатливо модно издание.


Иако денес е добро позната во светот на модата, нејзините првични планови биле сосема поинакви. Како што има раскажувано во свои интервјуа, во минатото имала желба да стане лекар, но животниот пат ја однел во друга насока. Наместо медицината, таа се определила за креативниот свет, па завршила моден дизајн и постепено ја изгради својата кариера пред објективот.


Покрај манекенството, Иларија е активна и на социјалните мрежи, каде што често споделува моменти од секојдневието, патувањата, модните ангажмани, но и инспиративни комбинации. Особено внимание привлекуваат нејзините летни фотографии, на кои уште еднаш покажа дека одлично се снаоѓа и пред фотоапаратот и надвор од професионалните фотосесии.


Ова лето таа ги почести своите следбеници со низа фотографии од плажа, на кои доминираат летните комбинации, природната убавина и опуштената атмосфера. Иларија уште еднаш покажа дека има чувство за стил и дека умее и наједноставната комбинација да ја претвори во моден момент.


Од елегантни изданија, преку впечатливи летни комбинации, па сè до опуштените стајлинзи за плажа – се чини дека нема моден предизвик во кој русокосата манекенка не се снаоѓа. Нејзиниот стил е препознатлив, женствен и модерен, а начинот на кој ги носи парчињата дополнително го истакнува нејзиниот впечатлив изглед.

Токму затоа, доколку сè уште немате идеја што да облечете за летната фотосесија покрај море, фотографиите на Иларија можат да послужат како одлична инспирација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk