[ФОТО] По пеколниот брак со Том Круз, славната убавица е повторно вљубена: Оваа врска станува сè посериозна

Точка

22/08/2026

18:36

464

Големина на фонт

а а а

Кејти Холмс ужива во романтично лето, особено кога е во друштво на своето ново момче, кого веќе го запознала со своите пријатели.

Актерката Кејти Холмс (47) за првпат на почетокот на јули 2026 година била забележана во Њујорк во друштво на уметникот Џејсон Бард Јармоски (38), кој живее и работи во тој град, а се чини дека нивната врска станува сè посериозна.


Кејти и Јармоски сега присуствуваа на интимен настан организиран од модниот дизајнер Мајкл Корс, по повод 45-годишнината на брендот „Мајкл Корс Колекшн“.



Фотографиите од настанот во Ист Хемптон на Лонг Ајленд ги прикажаа новите партнери во нежни моменти на блискост. На една од фотографиите, Холмс и Јармоски се држат за раце и насмеани се гледаат еден со друг во очи.


Кејти, која е позната и како кралица на уличната мода, блесна во летно-есенска комбинација составена од виолетов фустан без ракави и црвени чевли со ниска потпетица, додека Јармоски бил облечен целосно во црно.



Парот се фотографирал и со Корс и со неговите други гости, меѓу кои беа и Кристи Бринкли и Наоми Вотс, кои на настанот биле со своите ќерки, Сејлор Бринкли Кук и Кај Шрајбер.


Како што претходно открил извор, Холмс и Јармоски се запознале на една вечера, а набргу потоа излегле на состанок. Во текот на следните неколку недели биле забележани како поминуваат време заедно – на 10 јули се држеле за раце во Ист Хемптон, а четири дена подоцна заедно отишле на вечера, пренесе магазинот „Пипл“.


„Кејти отсекогаш ја привлекувале креативни луѓе. Сака да биде во друштво на луѓе кои се страстни во она што го работат. Ужива да учи и да запознава нови работи“, изјавил извор за „Пипл“.