Пад од врвот! Пол Погба има нов клуб? Нема да верувате каде ќе игра поранешниот светски шампион

Точка

21/08/2026

15:04

1.267

Големина на фонт

а а а

Во еден период Погба беше голема фудбалска ѕвезда, а Манчестер Јунајтед за неговите услуги издвои 105 милиони евра.

Откако во средата го напушти Монако, Пол Погба наскоро би можел да потпише за нов клуб.

Поранешниот фудбалер на Јувентус и Манчестер Јунајтед, кој во 2018 година го освои Светското првенство со Франција, според Фабрицио Романо би требало кариерата да ја продолжи во Холандија и да потпише за Фортуна Ситард.

Да потсетиме, доаѓањето на Погба во Монако требаше да претставува негово големо враќање по суспензијата поради допинг во 2023 година. Но, наместо нов почеток, авантурата во Кнежевството се претвори во вистински кошмар, бидејќи францускиот играч од средниот ред одигра само шест натпревари за Монако.

Ова лето во Кнежевството одлучија да го раскинат договорот со играчот од средниот ред, а тој сега, на 33-годишна возраст, би требало да се пресели во Холандија. Покрај интересот од Фортуна Ситард, за Погба постои интерес и од клубови од САД и Турција.