Атлетико Мадрид и Хулијан Алварез се во „тивка војна“ која може да експлодира или да биде одложена за некој следен преоден рок, но барем засега аргентинскиот репрезентативец не отстапува од идејата да се пресели во Барселона.
Тренерот Диего Симеоне е свесен дека може да има негативен ефект од целата ситуација, навивачите почнаа да испраќаат пораки со навреди на „Метрополитано“, а Алварез има уште малку време да го убеди клубот да му овозможи да соработува со Ханси Флик.
Последните вести од Мадрид велат дека Атлетико се обидел да направи компромис и ја прифатил понудата на Арсенал за Аргентинецот, но популарниот „Спајдермен“ не сакал ни да чуе за ваквата опција.
Алварез одамна е цел на Микел Артета, но се чини дека шпанскиот стручњак е далеку од позицијата која ја има Флик, односно Барселона и не е приоритет за напаѓачот.
Атлетико се обидел да најде решение за да се избегнат непријатни моменти во клубот, но истовремено да избегне засилување на големиот ривал, а „Сан“ тврди дека Артета е подготвен за Алварез да го испрати и Виктор Ѓокереш во редовите на шпанскиот тим.







