Славната актерка за одлуката да не се омажи и да нема деца: „Не жалам за ништо“

Кармин

13/08/2026

13:44

1.050

Големина на фонт

а а а

Актерката Алисон Џени отворено проговорила за тоа зошто никогаш не се омажила ниту имала деца и истакнала дека не жали за своите одлуки.

Во новата епизода од поткастот „Reclaiming With Monica Lewinsky“, 66-годишната оскаровка раскажала дека отсекогаш знаела дека не сака да биде мајка, но и покрај тоа, во своите четириесетти години ги разгледувала можностите и посетила специјалист за плодност.

Одлуката за мајчинството

„Отсекогаш мислев дека ќе се омажам, едноставно затоа што тоа беше вообичаено додека растев“, истакнала Џени.


Откако се преселила во Њујорк поради актерската кариера, рекла дека била во долги врски со партнери кои, исто како неа, не сакале деца. Сепак, за време на четиригодишна врска во средината на своите триесетти години, помислила дека можеби дошло време за мајчинство.

„Тогаш ми стана јасно дека тој не е мажот со кој сакам да имам деца“, раскажала таа. „Си помислив: ’Во ред, претпоставувам дека тогаш тоа нема да се случи‘“, додала актерката.


Џени рекла дека по тоа почувствувала олеснување. „Она чувство кога сте во врска за која знаете дека веројатно не е ’вистинската‘, а сепак останувате во неа и не знаете како да излезете – тоа е најосаменото чувство на светот, да бидете со некого, а да се чувствувате целосно сами. Ужасно е. Кај мене, на крајот, тоа едноставно не се случи“, се присетила. 

„Знаев дека никогаш не сакам да имам деца. Тоа е нешто што отсекогаш го знаев“, нагласила Алисон.

Посета на клиника за плодност

И покрај цврстиот став, рекла дека во своите четириесетти години почувствувала дека треба „барем да се обиде“, па посетила лекарка специјалист за плодност. Таму дознала дека нејзините шанси за бременост не биле големи.


„Дека нема да можам да имам дете во четириесеттите години, првпат слушнав токму во ординацијата на таа лекарка. Таа ми рече: ’Шансите не ви се големи‘“, раскажала Џени и признала и дека дотогаш мислела дека жените можат лесно да имаат деца дури и во педесеттите години.

„Ме праша и каде е мојот партнер. А мажот со кој бев тогаш не дојде ниту со мене. Си помислив: ’Тоа веројатно е знак, нели?‘“, додала актерката.


Љубовниот живот и приоритетите

Алисон открила дека нејзината „вистинска љубов“, покрај пријателите и семејството, се нејзините кучиња. „Животните, а особено кучињата, имаат посебно место во моето срце. Неописливо многу ги сакам“, нагласи таа.


Ѕвездата на филмот „Јас, Тонја“ својот приватен живот главно го држи подалеку од очите на јавноста. Била во врска со актерот Денис Гагомирос од 1994 до 2001 година, а претходно била свршена со својот колега од филмот „Our Very Own“, Ричард Џеник. Меѓутоа ја раскинале двегодишната свршувачка во 2006 година.


Нејзината последна позната врска била со раководителот на продукција Филип Џонкас, кого го запознала во 2013 година на снимањето на филмот „The Way Way Back“, а раскинале во 2017 година, по пет години врска.

За бракот

Уште во април 2021 година, додека гостувала во емисијата „The Drew Barrymore Show“, Џени изјавила дека сосема ѝ е во ред доколку никогаш не се омажи.

„Во овој период од животот навистина се запознавам себеси и откривам што сакам“, рекла тогаш. „Би сакала со текот на времето да најдам некого со кого ќе го споделувам животот, но ако тоа не се случи, ќе бидам сосема добро“, истакнала Алисон.


Својата одлука да нема деца тогаш ја сумирала со зборовите: „Подобро би жалела што немам деца, отколку да ги имам, па потоа да жалам поради тоа. И сосема сум во ред со таа одлука“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk