[ФОТО/ВИДЕО] Каква убавина, каков гламур: На премиерата пристигнала со својот најголем обожавател – ќерката

Кармин

17/09/2026

15:38

742

Големина на фонт

а а а

Сиена Милер и нејзината ќерка Марлоу биле вистинска атракција на премиерата на новата серија „War“, а со својата убавина ги воодушевиле сите присутни.

Милер, една од најпознатите американско-британски актерки, манекенки и модни икони на својата генерација, која во мај на 45-годишна возраст го доби своето трето дете, во Лондон ја претставила својата нова серија „War“ („Војна“), која се состои од осум епизоди.

Најголема поддршка во текот на вечерта ѝ била нејзината 14-годишна ќерка Марлоу, која ја добила од претходната врска со актерот Том Стариџ.

На премиерата двете заедно позирале пред камерите, а Сиена за оваа пригодасе решила за гламурозно модно издание.


Носела впечатлив црн фустан со нагласено деколте, украсен со пердуви по целата должина. За да го истакне деколтето и да го стави акцентот на свечената креација, косата ѝ била собрана во ниска пунџа, а изгледот го надополнила со дискретен накит.


Нејзината ќерка Марлоу се појавила во лежерно издание, а со својата убавина многумина оставила без зборови. Таа со задоволство позирала покрај својата славна мајка, прегрнувајќи се со неа и се насмевнувајќи се, додека ја гледала како дава интервјуа, покажувајќи дека е најголемиот обожавател на својата мајка.


Сиена во новата драмска серија глуми со 56-годишниот актер Доминик Вест, кој го толкува ликот на нејзиниот сопруг.


Иако во серијата глумат брачен пар кој е во жесток конфликт и минува низ бурен развод, пред камерите биле одлично расположени, постојано се насмевнувале и срдечно се прегрнувале.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk