ВМРО-ДПМНЕ: Народот го поразува талогот од СДС, Филипче ја нападна прославата за независност, реки народ на Силно светнал ден во Велес

Макфакс

13/08/2026

10:20

118

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваше нападите од СДС врз прославата за независност на Македонија и го истакна огромниот излез на народот кој ја поддржа манифестацијата „Силно светнал ден“ во Велес, истакнувајќи ја поразувачката улога на СДС во општеството.

Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид, Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава ‘Силно светнал ден’.

Со ова поразен е и Филипче кој 7-ми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев во Грција од каде работи против интересите на Македонија, шират хистерии и прават неуспешни протести.

Народот се ослободува и го поразува талогот во опстеството предводен од СДС. Фотографиите о покажуваат токму тоа“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.