Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Макфакс

12/08/2026

12:09

3.015

Големина на фонт

а а а

УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме со пад на температурите од утре, особено на северот и западот на земјата. Во Скопје времето ќе биде променливо и со повремен сончев период.

УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме.


Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР.


Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата.