Од водите на Преспанското езеро извлечено телото на скопјанец

Макфакс

12/08/2026

13:40

2.162

Големина на фонт

а а а

Во Преспанското езеро е извлечено телото на 71-годишен маж од Скопје кој претходно скокнал од чамец по изгубени весла. Телото е пренесено за обдукција по наредба на обвинител.

Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на 71-годишниот М.М. од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале.

Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.