Полска преговара со САД за отворање постојани американски воени бази

Макфакс

05/08/2026

17:00

145

Големина на фонт

а а а

Полска преговара со САД за отворање на постојани американски воени бази на својата територија, во време на преиспитување на воената присутност на САД во Европа и зголемување на одговорноста на европските сојузници во одбраната.

Полска води разговори со Соединетите Американски Држави за отворање постојани американски воени бази на својата територија, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Залевски, кој ги предводи преговорите.

Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници – главно на ротациска основа. Според Залевски, Варшава и Вашингтон веќе разменуваат предлози за постепена трансформација на постојните бази во трајни воени објекти.

Разговорите се одвиваат во време кога САД ја преиспитуваат својата воена присутност во Европа и бараат европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана.

Полска, која е една од клучните членки на НАТО на источното крило на Алијансата, издвојува околу пет проценти од БДП за одбраната и вложува милијарди евра во модернизација на вооружените сили, претежно преку набавка на американско оружје.