СДСМ: Во Гостивар среде епидемија дежура само еден инфектолог

Макфакс

05/08/2026

18:23

138

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвинува за недоволни капацитети во здравствениот систем во Гостивар во справувањето со епидемијата од загадена вода, истакнувајќи дека во болницата дежура само еден инфектолог, а пациентите се префрлаат во Тетово поради лошата состојба.

СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози.

Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата.

Во соопштението се наведува дека сè уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна, додека e потврдено присуство на бактерии во водоводниот систем. Од СДСМ го критикуваат и апелот на министерот Панче Тошковски граѓаните да ја испуштаат водата од чешмите, како и најавата за нови анализи на водата.

Партијата оценува дека состојбата во Гостивар претставува „целосен колапс на одговорноста“ и ја обвинува Владата дека не реагира соодветно на кризата.