Протекоа детали од договорот на Салах: Една клаузула открива зошто го избрал Трабзонспор

Точка

05/08/2026

15:29

774

Големина на фонт

а а а

Во клубот веруваат дека Салах не е само огромно засилување на теренот, туку и фудбалер со огромен комерцијален потенцијал.

Мохамед Салах денеска официјално стави потпис на договорот со турскиот клуб Трабзонспор. Тој веќе пристигна во Турција, каде што беше пречекан од илјадници навивачи, со што конечно заврши повеќемесечната сага околу потрагата по нов клуб за египетската ѕвезда. Во Турција, Салах го очекува богат договор вреден 17 милиони евра нето годишно.


Сепак, турскиот „Aksam“ открива дека високата плата не е единствената причина поради која го избрал токму Трабзонспор. Турскиот клуб во неговиот договор вклучил посебна клаузула според која на Салах му припаѓаат и 20 проценти од клупската заработка остварена од користењето на неговиот лик. Тоа ги опфаќа приходите од продажба на дресови и други производи со неговото име и лик.


Во клубот веруваат дека Салах не е само огромно засилување на теренот, туку и фудбалер со исклучителен комерцијален потенцијал. Убедени се дека неговото доаѓање ќе им донесе значителна заработка, па очигледно не им претставувало проблем да му отстапат 20 проценти од тие приходи, како дополнување на една од највисоките плати во историјата на турскиот фудбал.


Салах во својот нов клуб го избра дресот со бројот 61, што веќе предизвика воодушевување кај навивачите. Тој број ја претставува регистарската ознака на Трабзон во Турција и со години е важен симбол на регионот и локалната заедница.