Наполи и Рома се две екипи кои ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите во новата сезона, два клуба кои направија значајни потези на трансфер пазарот.
Поранешниот тим на Елиф Елмас се ослободи од левиот бек Мигуел Гутиерез и тоа по само една година. Наполитанците ја прифатија понудата на бундеслигашот Баер Леверкузен вредна 30 милиони евра. Шпанецот пак потпиша договор со „фармацевтите“ до 30 јуни 2031 година.
„Волчицата“ од друга страна е на доведе засилување од Шпанија и тоа од Атлетико Мадрид. Се работи за аргентинскиот репрезентативец Науел Молина кој веќе има искуство со играње на Апенините за Удинезе.
Трансферот ќе изнесува 13 милиони евра плус 4 милиони евра низ бонуси. Молина може да игра како десен бек, но и како винг-бек, па и да игра на спротивната страна ако е потребно.




