Интер одбил богата понуда од Премиер лигата за новото засилување

Дерби

05/08/2026

14:22

341

Големина на фонт

а а а

Интер се обидува да состави што подобар тим за престојнава сезона или поточно да го надгради истиот со идеја и цел да се остварат што подобри резултати, да се освојат титули во натпреварувачката 2026/2027.

„Нероаѕурите“ се во акција за уште неколку трансфери, засилувања, но во исто време има и понуди за нивните играчи. Реномираната „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Интер одбил богата понуда вредна 40 милиони евра од Брентфорд за Александар Станковиќ, играчот кој летово се врати во Милано од Бриж.

Клубот и играчот кажале „НЕ“ за понудата, меѓутоа Интер ја остава подотворена вратата ако на нивна адреса дојде повисока и попримавлива понуда.

Интер има доста играчи на средината на теренот, но тренерот Кристијан Киву ја цени работата на Србинот и верува дека може да биде замена, потпора, поддршка за Хакан Чалханоглу.