ССМ со апел да се почитуваат мерките за заштита од високите температури: „Ако има неправилности, пријавете“

Макфакс

05/08/2026

10:50

151

Големина на фонт

а а а

ССМ апелира до работодавачите да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа во услови на високи температури, нагласувајќи ја важноста од заштита на животот и здравјето на работниците и повикувајќи на пријавување неправилности.

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Почитување на мерките

„Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички“, велат од ССМ.

Значење на животот и здравјето

Додаваат дека значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството.

Повик за пријавување

Од Синдикатот ги повикаа работниците на кои не им се почитуваат правата, да пријават кај надлежните.

„Работодавачи зачувајте го здравјето на работниците тие се ваши партнери. Работници почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник  претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд. Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: prijavi@ssm.org.mk, а исто така и преку мобилната апликација“, велат од ССМ.

 

фото/depositphotos