Почна изградбата на ново детско игралиште во Ново Лисиче

Макфакс

05/08/2026

11:30

92

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром започна изградба на ново современо детско игралиште во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“. Игралштето ќе биде опремено со безбедни реквизити, подлога од вештачка трева и систем за наводнување, со цел да овозможи подобри услови за игра и престој на најмладите и нивните семејства.

Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени на различни локации низ општината.

Како што информираат од Општината, новото игралиште ќе биде опремено со современи и безбедни реквизити, ќе има подлога од вештачка трева, како и целосно уреден простор што ќе овозможи безбедна и квалитетна игра за најмладите, но и пријатен престој за нивните родители и семејства.

Како дополнителна придобивка, на оваа локација за првпат ќе биде поставен и систем за наводнување, со што ќе се овозможи континуирано одржување и зачувување на зеленилото во паркот, велат од Општина Аеродром.

Изградбата на новото детско игралиште е дел од определбата на Општина Аеродром секоја населба да добие современи, безбедни и функционални јавни простори, со посебен акцент на содржините наменети за децата.

Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти што придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и за создавање современа, уредена и функционална локална заедница. Го градиме Аеродром по мерка на сите генерации“.