Џорџина со фотографија во костим за капење одговори на критиките за изгледот: „Ги сакам своите облини“

Точка

04/08/2026

19:10

950

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез се огласи откако нејзините фотографии во костим за капење предизвикаа лавина од реакции и негативни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Инфлуенсерката порача дека вредноста на една личност не може да зависи од физичкиот изглед или од мислењата на непознати луѓе.

Откако сподели уште фотографии на кои позира во костим за капење, но и „спорните“ фотографии поради кои беше критикувана, Џорџина одлучи да се осврне на бројните негативни пораки за нејзиното тело.


„Моето тело ќе се менува, како што се менуваат телата на сите жени. И се надевам дека тоа ќе продолжи да се случува уште многу години, бидејќи тоа ќе значи дека сè уште сум жива. Мајка сум на шест прекрасни деца, од кои три се девојчиња кои еден ден ќе бидат прекрасни жени. И ако постои една работа што сакам да ги научам – заедно со Крис, на кого сум длабоко горда поради вредностите што ги претставува како татко и како маж – тоа е дека вредноста на една личност никогаш не може да зависи од нејзиниот физички изглед или од мислењата на непознати луѓе“, наведе таа.

Таа напомена дека „малата доза позитивна психологија“ која секојдневно се обидува да им ја пренесе на своите деца, ѝ помага и самата да остане на вистинскиот пат во овој свет исполнет со фантазии.


„Во последните неколку дена видов секакви коментари за некои фотографии од мене на брод. Некои луѓе го коментираат моето тело, други ме бранат. Разговарав за тоа со Крис и му реков: ‘Се грижам што сега ме нарекуваат дебела, бидејќи живеам од мојот имиџ’. А тој ми одговори: ‘Не живееш од твојот имиџ. Живееш од она што си. Совршена жена. Прекрасна, со одлично тело, мајка, добра личност, успешна и жена која го живее животот со љубов. Што повеќе би можело да се посака? Нормално е да ти завидуваат’“, сподели понатаму Џорџина.

Таа нагласи дека на сите ни е потребен некој што ќе нè потсети што навистина е важно.


„Смешно е што ова се случува секое лето. Секоја година моето тело повторно се појавува во вестите. А потоа се прашувам... каде е стандардот? Кој одлучува кое е ‘вистинското’ тело? Дали навистина сè уште мислиме дека среќата има големина? Вежбам бидејќи тоа ме прави среќна. Бидејќи сум страсна во тоа. Бидејќи тој час во теретана е еден од најдобрите моменти во мојот ден. Ми носи здравје, мир, дисциплина, енергија и благосостојба. Никогаш не ми била борба да ослабам; тоа отсекогаш бил начин да се грижам за себе“, наведе таа понатаму.


Истакна дека ги сака своите облини и слободата да живее во тело што самата го избира.

„За мене, вистинскиот успех никогаш не бил вклопувањето во стандард за кој никој не знае кој го измислил. Вистинскиот успех е живот во мир. Да се опкружиш со луѓе што ги сакаш. Уживање во семејството и пријателите. Грижа за моето здравје. Смеење. Учење“, заклучи на крајот.