Доколку размислите за тоа која е најдобрата земја во светот за преселба во моментов, најверојатно оваа мала балтичка држава нема да биде првата на која ќе помислите. Меѓутоа, според најновото глобално рангирање, Естонија е таа што зазема првото место.
Прегледот на Румави индексот за глобално преселување за 2026 година ја прогласи Естонија за најдобра земја на планетата за живеење и преселба, оставајќи ги зад себе дури и популарните дестинации како Сингапур и Малезија.

Овој индекс оценува 192 земји и територии преку 24 различни параметри. Опфаќа сè, од даночни структури и трошоци за живот, до здравствена заштита, безбедност и леснотија за стекнување нови пријатели. Дополнителен плус е што индексот зема предвид дека семејство од четири лица има различни потреби од независен фриленсер, па затоа ги приспособува податоците за да создаде листа од топ 10 за пензионери, дигитални номади и претприемачи.

Естонија со години гради репутација како една од најнапредните дигитални заедници во светот. Нејзината позната програма „e-Residency“ ви овозможува да водите компанија регистрирана во Европската Унија целосно преку интернет, без никогаш физички да стапнете во земјата. Покрај тоа, нејзината виза за дигитални номади беше една од првите од ваков вид во Европа.

Кога на сето тоа ќе додадете квалитетна здравствена заштита, ниска стапка на криминал и лесен пат до трајно населување, добивате земја која ги исполнува речиси сите услови за удобен живот.

Сингапур и Малезија го освоија второто и третото место, додека долгогодишниот фаворит меѓу иселениците, Португалија, се најде на четвртото место. Остатокот од топ 10 листата е составен од разновидни земји, вклучувајќи ги Тајван, Литванија, Хонгконг, Свети Кристофер и Невис, Чешка и Малта.
Целосната листа на топ 10 најдобри земји за преселба во 2026 година според Глобалниот индекс за преселба на Румави се состои од:
Естонија
Сингапур
Малезија
Португалија
Тајван
Литванија
Хонгконг
Свети Кристофер и Невис
Чешка
Малта.






