Американската актерка Ева Лонгорија (51) викендот го помина во Шпанија, каде што уживаше во сончевиот ден и во времето поминато со својот осумгодишен син Сантијаго. Фотографите ја снимија во црвено бикини, а нејзиното издание брзо го привлече вниманието на јавноста.
Лонгорија за посетата на плажа избра бикини во впечатливо црвена боја, кое го надополни со шешир со широк обод, очила за сонце и пругаста наметка.
За време на престојот на плажа се капела во морето, а дел од денот го поминала играјќи си со синот во плиткото, каде што заедно правеле замоци од песок.
Eva Longoria, 51, takes a dip in red-hot cheeky bikini https://t.co/IkZcDWvpZG pic.twitter.com/4cho0JiSv1
— New York Post (@nypost) August 3, 2026
Актерката подоцна на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажата. Лонгорија веќе извесно време поседува недвижност во Марбеља, па затоа често слободното време го поминува токму на шпанскиот брег.
Исто така, и минатото лето го привлече вниманието со фотографии од плажа, кога носеше бикини со леопардски дезен, само неколку дена откако беше видена во впечатливо розов костим за капење.
Во неодамнешен разговор за списанието „Good Housekeeping“ откри дека физичката активност ѝ станала важен дел од секојдневието и дека вежбањето го доживува како облик на медитација.

„Се будам и вежбам во пет часот наутро со мојот тренер. Тоа го правам шест дена во неделата, секоја недела“, рече Лонгорија.
Додаде дека денес не тренира исклучиво поради изгледот.
„Тоа е мојот терапевтски час. Порано размислував: „Сакам стомачни мускули!“, а денес тренингот ми е потребен поради менталната јасност“, изјави таа.

Нејзините тренинзи главно се состојат од вежби за сила со големо оптоварување и тренинзи за отпор, додека кардио-вежби практикува значително поретко.
„Ретко правам кардио, освен повремено на трамболина. Тоа ми е забавно, но го правам еднаш или двапати неделно. Остатокот од неделата е посветен на тренинг со тегови“, објасни актерката.






