Поранешниот актер откри зошто на врвот на славата го напуштил Холивуд: „Не сакав да бидам Том Круз“

Точка

04/08/2026

12:30

1.199

Големина на фонт

а а а

Стивен Болдвин во 19995 година глумеше во трилерот награден со Оскар „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects), а неговата кариера беше во подем во Холивуд, но тој не сакаше да го следи истиот пат како неговиот брат, Алек Болдвин. Во едно ретко интервју за својата кариера, Болдвин се осврнал на тоа зошто го напуштил Холивуд толку рано.

„Веројатно можев да станам голема ѕвезда. Но, тоа не бев јас. Не сакав да бидам Том Круз и да заработувам 100 милиони долари на киноблагајните. Подобро би бил шутрак од Масапекуа, Њујорк! Добар сум во тоа!“, изјавил тој за списанието „Пипл“.


Поранешниот актер (60) објаснил како се свртел кон религијата на почетокот на 2000-тите. Нему и на неговата сопруга, Кенија Болдвин, една куќна помошничка им рекла дека ќе започнат нов живот во верата, ќе доживеат преобраќање во христијанството и ќе имаат своја служба. Тој признал дека во тоа време бил скептичен, но неговата перспектива се променила кога присуствувал на неколку црковни настани со својата сестра, Бет Болдвин, која претходно се преобратила.


Еден таков настан се случил на плажа во Флорида, каде што гледале скејтбординг. „Изградија скејтборд парк на песок од шперплоча. И овие луди, супер посветени, кул, тетовирани, пирсирани скејтери беа таму, скејтаа, ќе го зграбеа микрофон и ќе почнеа да проповедаат евангелизам, а околу 5.000 деца беа наоколу гледаа затоа што се заинтересирани за скејтери. Почувствував повик“, раскажал Болдвин.


Потоа ја започнал својата работа базирана на вера, снимајќи скејтбординг пот со панк-рок христијанска музика и евангелистичка порака, сега позната како „Livin‘ It“. Тоа беше огромен хит во првите шест месеци, и Болдвин раскажал како една од поголемите цркви го повикала и го прашала колку треба да му платат за да ги донесе скејтерите од неговото видео во црквата за настани во живо. „Тогаш го напуштив Холивуд“, рекол актерот.


Со текот на годините, Болдвин почнал да работи на христијански филмски продукции насочени кон младата публика, а е и водител на поткастот „Еден лош филм (One Bad Movie), каде што разговара со актерите за најлошиот филм што некогаш го направиле или за најлошото искуство што го имале при снимањето. Исто така Болдвин јавно проговорил за политиката, поддржувајќи го Доналд Трамп на изборите во САД во 2024 година.


„Заработив повеќе пари отколку што можев да замислам, а во брак сум со најубавата девојка што некогаш сум ја видел во животот. Исус е мојата карпа. Мојата сопруга е моето сидро. Имав најневеројатен живот и имам само 60 години. Толку сум благословен. Само чекам да ми се отворат повеќе врати за да поминам низ нив“, заклучил Болдвин.


Стивен и Кенија се венчаа во 1990 година, а подоцна ги добија ќерките, Алаја Болдвин, која сега има 33 години и Хејли Бибер, основачката на брендот „Роуд“.