Славната актерка отпуштена од болница по четири месеци: Откриено како се чувствува

Точка

04/08/2026

10:54

482

Големина на фонт

а а а

Актерката Кристина Еплгејт е отпуштена од болница откако беше примена на лекување кон крајот на март, а според американските медиуми, таа сега е дома и се чувствува добро.

Не е познато дали хоспитализацијата била директно поврзана со мултипла склероза, автоимуна болест од која страда од 2021 година.

Нејзиниот претставник претходно не сакал да ги потврди деталите за третманот, но им рекол на медиумите дека таа има долга историја на сложени медицински состојби.


Самата Еплгејт неколку дена по хоспитализацијата се огласи на Инстаграм и им се заблагодари на своите обожаватели за нивната поддршка.

„Здравствените проблеми се постојан дел од мојот живот, но јас сум силна девојка и секој ден станувам посилна и подобра“, рече тогаш.


Исто така додаде дека зема пауза за да закрепне и дека наскоро повторно ќе се огласи.

Во јуни и Дејвид Фаустино, нејзиниот колега од серијата „Брачни води“, проговори за состојбата на актерката наведувајќи дека периодот на нејзината борба со болеста е многу тежок, но дека го задржува чувството за хумор.


Инаку Еплгејт и претходно јавно зборуваше за здравствените проблеми, па во август 2025 година откри во својот поткаст „Меси“ („MeSsy“) откри дека завршила во болница со силни болки поради инфекција на бубрезите. Во февруари, рече дека е „врзана“ за кревет, иако се обидувала секој ден да ја вози својата ќерка на училиште.