Аријана Гранде се повлекува од јавноста по критиките од обожавателите поради слабиот изглед: „Беше изложена на непрекинато внимание“

Точка

03/08/2026

15:45

902

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде по завршувањето на својата турнеја „Eternal Sunshine“ ќе се повлече од јавноста на подолг период по критиките од обожавателите на сметка на нејзиниот изглед.

Оваа информација за списанието „People“ ја потврди нејзиниот менаџер.


„Со нетрпение го очекува завршувањето на турнејата и тоа да го направи на најдобар можен начин, здрава и среќна, а потоа да земе заслужен одмор од јавните настапи и обврските што ја изложија на непрекинато и постојано внимание од јавноста. Оваа турнеја за неа беше прекрасно искуство. Ги сака своите обожаватели и уживаше во секој момент од оваа турнеја“, меѓу другото наведе тој.

Споменатото списание, исто така, објави дека таа се откажала од улогата во мјузиклот „Sunday in the Park With George“ на Стивен Сондхајм на Вест Енд. Требаше да глуми заедно со Џонатан Бејли во таа продукција.

Аријана Гранде веќе извесно време е под лупа на јавноста затоа што е многу слаба. Многумина сметаат дека треба да побара лекарска помош, но таа тврди дека со неа сè е во ред.

„Тажно е што таа не гледа во каква состојба се наоѓа“, „Треба да се реагира пред да биде предоцна“, „Ова е тажна глетка“, се дел од коментарите на социјалните мрежи по повод нејзиниот изглед.