Хавиер Бардем сподели објава за мигрантската криза во Шпанија: Знаеме кому му одговара - на Израел и крајната десница

Точка

01/08/2026

19:03

376

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот актер Хавиер Бардем на својата Инстаграм приказна сподели објави за мигрантскиот бран меѓу Шпанија и Мароко во областа околу Сеута, тврдејќи дека од кризата корист имаат Израел и крајната десница.

Во објавите што ги сподели Бардем се наведува дека не е познато кој ја режирал кризата на границата меѓу Мароко и Сеута, шпанската енклава во Северна Африка.

„Не знаеме кој ја создаде оваа криза, но знаеме кој има корист од ослабена и дестабилизирана Шпанија: Израел и западната крајна десница, која едвај чека да ги искористи миграциите како оружје против муслиманите“, пишува во една од објавите.


Во истата обајава што ја сподели актерот се вели дека Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавно ги повикал Арапите и муслиманите да ги „ослободат“ Сеута и Мелиља и се заканил со финансирање организации кои би се залагале за такви потези, како одговор на шпанската поддршка за Палестина.

Во друга објава што ја сподели Бардем, еден корисник на социјалните мрежи тврди дека ситуацијата во Сеута е тесно поврзана со минатомесечната посета на шпанскиот премиер Педро Санчес на Алжир, негова прва во последните четири години.


„Ова не би било првпат Мароко да ги користи мигрантите како средство за политичка уцена на Шпанија“, се наведува во објавата што ја сподели Бардем.