Откриена темата за Мет Гала 2027 и веќе предизвика „бура“: Се случува трет пат, еве што вели Ана Винтур

Кармин

04/08/2026

08:43

702

Големина на фонт

а а а

Мет Гала е најочекуваниот моден настан во светот и се одржува секоја година на почетокот на мај. Интересно е што темата на Мет Гала за следната 2027 година е веќе откриена и предизвика бројни контроверзии.

Пролетната изложба на Институтот за костими при Метрополитен музејот на уметностите за 2027 година ќе се вика „Џон Галијано: Хоризонти“, во чест на делото на дизајнерот Џон Галијано.

Ова е само трет пат жив дизајнер да биде во фокусот на изложбата: првиот бил Ив Сен Лоран во 1983 година, а вториот Реи Кавакубо од Ком де Гарсонс во 2017 година.


Галијано, кој сега има 65 години, ја започнал својата кариера во Живанши во 1995 година, пред да ја преземе функцијата креативен директор на Диор од 1997 до 2011 година. Од 2014 до 2024 година, тој бил креативен директор на париската модна куќа Мезон Марџела.

Дизајнерот беше едно од највлијателните имиња и визионери во индустријата за висока мода во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, пред пресвртот во неговата кариера во 2011 година по низа антисемитски и расистички инциденти, вклучувајќи го и озлогласеното видео во кое ја искажал својата љубов кон Хитлер во еден париски ресторан.

По неговите повеќекратни испади, Галијано бил осуден за две злосторства од омраза во Париз и се соочил со казна од 8.500 долари.

Во првиот инцидент, кој резултирал со апсење на Галијано во февруари 2011 година, тој бил обвинет за вербален напад врз две лица, вклучувајќи го и мажот по име Филип Виржити, во кафулето „Ла Перл“, кое се наоѓа веднаш до неговиот стан во Маре.


Вториот случај се случил во октомври 2010 година во истиот бар, каде што бил обвинет за навреда на 40-годишна жена.

За време на судењето, кога сведочел, тој признал дека не се сеќава на изливот на гнев кон Филип Виржити поради неговата тројна зависност од апчиња за спиење, валиум и алкохол.

Тој зборувал за своето минато во документарецот на Кевин Мекдоналд од 2024 година, „Високо и ниско — Џон Галијано“, кој вклучува снимки од двата напади.

„Беше одвратно, грдо тоа што го направив. Беше едноставно ужасно“.

Размислувајќи за настаните, дизајнерот, кој е роден на британската територија Гибралтар, додал:

„Можам да кажам дека не сум расист, но секој ден всушност откривате дека сите ние сме по малку. Но, само треба да го надминеме тоа и да ги сакаме имигрантите. Јас сум еден од нив. Бев еден од нив“.


Изложбата во Метрополитен музејот не планира да ги избегне контроверзиите на Галијано.

Секоја колекција на Галијано започнува како патување помеѓу нешта одделени со време, место или медиум: портрет и поза, силуета и приказна, меморија и материјал“ изјавил кураторот на Институтот за костуми, Ендру Болтон, пренесе Вог.


„Хоризонти пристапуваат кон модата како кон форма на картографија, мапирајќи не територии, туку афинитети, тензии и трансформации. Тие следат како сликите стануваат идеи, идеите стануваат материјали, а материјалот станува емоција, рекол Болтон и додал:

„Сепак, хоризонтот открива не само што е пред нас, туку и каде се наоѓаме. Изложбата затоа испитува како Галијано го пресликал светот преку модата и како неговото однесување, неговите последици и променливите културни вредности го преобликувале нашето разбирање за неговата работа“.

Се огласи и Ана Винтур

Ана Винтур, поранешната главна уредничка на Вог и сегашна глобална уредничка директорка, истакнала дека никој не заслужува изложба од ваков обем повеќе од Џон Галијано.


„Неговиот опус – во Диор, Живанши, Марџела, неговиот истоимен бренд и други – комбинира ерудиција и креативност, темнина и светлина, минато, сегашност, иднина, сè се спојува на брилијантен начин“. Рекла таа и додала:

„Тој е одличен дизајнер и неговата кариера не е дефинирана од еден момент – нешто со кое ќе живее до крајот на животот. Изложбата нема да се воздржи од ниту еден мрачен дел од минатото на Џон. Тоа е дел од она што го обликуваше. Изложбата ќе го опфати целиот тек на неговата кариера и ќе се занимава со сè“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk