Де Ѕерби најави нов голем удар од Тотенхем: Трансфер пазарот не е завршен, третата „бомба“ ќе биде во нападот!

Дерби

30/07/2026

14:31

280

Големина на фонт

а а а

Роберто Де Ѕерби прифати исклучително тежок проект на крајот на минатата сезона и успеа во намерата да го одржи Тотенхем во англиската елита, а откако успешно го направи тоа, доби гаранција од газдите дека ќе му се достават големи парични средства за нови засилување и веќе двапати беше урнат клупскиот трансфер рекорд.

Тотенхем потроши 237 милиони фунти за ангажманите на Матеуш Фернандеш (85), Сандро Тонали (100) и Ван Хеке (52), како слободни агенти ги донесе и Сенеси, Робертсон и Дубравка, но Де Ѕерби сега најавува дека трансфер пазарот не е завршен за „петлите“.

Италијанскиот стручњак смета дека Тотенхем ќе режира уште неколку операции до крајот на летото, а една треба да биде посебно бомбастична со засилување во нападот.

– Трансфер пазарот не е завршен за нас, но комплетиравме 60 проценти од проектот кој си го поставивме пред летото. Ни преостанува да режираме уште една „бомба“, овојпат во нападот.

– Сакаме офанзивен фудбалер, играч кој може да помогне во нападот. Немаме одредено точна позиција во нападот, но имаме играчи кои се поскаувани од наша страна. Обично не сакам да работам со план А, план Б и план Ц. За мене важи само планот А и сакам да го добијам тоа што го посакувам, – изјави Де Ѕерби, без да именува за кој играч станува збор, иако медиумите шпекулираат дека се работи за Савињо од Манчестер Сити.

Де Ѕерби во своето искрено обраќање говореше и за играчите кои не се гледаат како дел од проектот во овој момент, а тоа се Викарио, Ромеро, Спенс и Бергвал.

– На почетокот на мојата авантура во Тотенхем во месец април, имав милиони средби со играчите, а Викарио и Ромеро ми ја нагласија идејата која ја имаат. Им го реков следното: Помогнете ми да опстанам, а потоа ќе ви помогнам да си одите! Не им се јавив да ги разубедувам, се уште го почитувам тоа што ми го кажаа на почетокот.

– Знам дека за вас интересни се ситуациите и со Спенс и Бергвал, ако сакаат да си одат, ќе си одат за цена која им одговара на клубот. Јас не можам да одредувам цени, тоа не е моја позиција. Сакам да бидам само тренер, доволно е тешко да се биде тренер, за другото одлучуваат други луѓе во клубот. Ги почитувам мислењата и идеите на играчите, но ако на крајот останат, ќе мора да останат почитувајќи ги моите услови на работа, – изјави Де Ѕерби.