Баерн го заврши трансфер пазарот за нови играчи уште во јули, сега има за цел да продаде тројца прекубројни во тимот

Дерби

30/07/2026

13:09

212

Големина на фонт

а а а

Макс Еберл како директор за спорт во Баерн Минхен даде одговори на сите комплексни прашања кои му ги поставија германските новинари, а истите беа поврзани за планификацијата на тимот и излегдот на конечниот ростер кој ќе го има Венсан Компани.

Еберл нагласи дека Баерн ги завршил трансфер операциите кога се во прашање нови фудбалери уште во раната фаза на месец јули, или поточно во моментот кога ги потврди двете летни засилувања уште за време на мундијалот.

Исмаел Саибари и Натаниел Браун го чинеа Баерн 110 милиони евра и со нив двајца се затвора трансфер пазарот за нови аквицизии, но од друга страна, целта на Еберл и Фројнд ќе биде до крајот на летниот преоден рок да се продадат тројца фудаблери кои се прекубројни во моментов.

– Се смешкам секојпат кога слушам како името на Баерн се поврзува со некој фудбалер во последно време. За нас трансфер пазарот за нови фудбалери заврши со Нене Браун и Исмаел Саибари. Тоа го решивме многу брзо и трансфер пазарот за нас заврши уште во јули.

– Ангажманот на Браун не ја отвора вратата за Дејвис, тој ќе остане во Баерн. Браун може да игра на повеќе позиции, можеме да го користиме и како крило. До крајот, ќе сакаме да ги комплетираме операциите за играчи кои не се во плановите на Баерн. Бои, Палиња и Сарагоса се на продажба и не се дел од проектот за следната сезона, – изјави Еберл.