Осум играчи на Барселона станаа светски шампиони после успехот на Шпанија на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но ако некој треба да жали за тоа што не стави златен медал на својот врат, тоа е малерозниот Фермин кој се повреди пред самиот старт на турнирот.
Офанзивниот играч за врска беше дел од списокот на Де ла Фуенте и за очекување беше да има важна улога во шпанскиот тим, но скршеницата на петтата метатарзална коска го принуди да направи пауза и да го прескокне мундијалот.
Фермин сега е во фаза на опоравување и се очекува да има минутажа некаде на средината на месец август, а пред да дојде ред за тоа, самиот призна дека го оставил зад себе најлошото лето на психолошки план.
– Ова беше најлошото лето во мојот живот. Бев во најдобра форма, се ми излегуваше добро на теренот, а потоа пристигна повредата. За жал, во фудбалот има и вакви ситуации, мора да учите и од вакви нешта, но вистина е дека ми беше многу тешко. Излегов од лошата ситуација благодарение на моето семејство, девојката и моите пријатели. Потребна ми беше помош на психолошлки план.
– Ќе бидам искрен, не можев да ги гледам првите натпревари на репрезентацијата на Светското првенство. Едноставно не можев да гледам, сметав дека и јас треба да бидам таму. Среќен сум што го освоија мундијалот, во завршницата од Светското првенство бев малку подобар и на крајот отидов во живо да го гледам финалето во Њу Џерси, – открива Фермин.







