Космосот ја менува играта за 4 хороскопски знаци: Следните две години носат судбински пресврти во љубовта и парите

Кармин

30/07/2026

13:32

709

Големина на фонт

а а а

Астролошките околности се такви што 4 хороскопски знаци влегуваат во големо кармичко ресетирање – судбинската оска им го менува животот во наредните две години.

Според хороскопот, потпомогната од полната Еленска Месечина во Водолија на 29 јули, астролошката оска на судбината во Водолија и Лав означува важен циклус кој ќе трае до 2028 година – Јужниот јазол во Лав носи завршување на обрасците поврзани со егото, потребата за признание и докажување, додека Северниот јазол во Водолија поттикнува соработка, слобода, нови идеи и насочување кон иднината.

Промените ќе ги почувствуваат сите знаци, но за Лавовите, Водолиите, Биковите и Шкорпиите овој период ќе биде особено важен. Пред нив се големи одлуки, преиспитување на приоритетите и можности да го променат животниот правец.

Шкорпија

Кај Шкорпиите се менува односот меѓу кариерата и приватниот живот. Последните години вложувале многу енергија во успех, статус и докажување, но сега би можеле да сфатат дека она што некогаш го посакувале повеќе не ги исполнува. Амбицијата останува важна, но повеќе нема да биде доволна ако доаѓа по цена на мирот и семејниот живот.


До 2028 година фокусот се префрла на домот, семејството и емоционалната сигурност. Можни се преселби, промени во семејните односи или соочување со старите обрасци. Најголемата лекција ќе биде дека вистинската сила не е во контролата, туку во чувството на внатрешна стабилност.

Бик

Бикот влегува во период во кој ќе мора да прифати дека сигурноста не значи останување на истото место. Северниот јазол носи промени во кариерата, нови професионални можности и поголема одговорност, често во области кои досега биле целосно непознати.

Истовремено, ќе мора да се ослободат од семејните улоги и навиките што ги ограничуваат. До 2028 година најголемиот успех доаѓа кога ќе сфатат дека вистинската стабилност не лежи во рутината, туку во способноста да се приспособат на промените.

Лав

Лавот е еден од главните протагонисти на овој циклус. Јужниот јазол во неговиот знак носи крај на периодот во кој признанието, аплаузите и мислењето на другите биле главни двигатели. Сега доаѓа време да преиспита колку неговиот живот навистина е автентичен.

Северниот јазол во Водолија става акцент на партнерствата и соработката. Лавот ќе научи дека најголемиот успех не доаѓа кога е во центарот на вниманието, туку кога гради рамноправни односи. До 2028 година најважната лекција ќе биде разликата меѓу тоа да бидете видени и да бидете навистина разбрани.


Водолија

Водолијата влегува во еден од најважните животни циклуси. Северниот јазол во нејзиниот знак поттикнува големо лично редефинирање – од изгледот и кариерата до односите и животните цели. Идеите што досега постоеле само во плановите, сега ќе мора да станат конкретни дела.

Најголемите промени се случуваат во партнерските односи. Врските засновани на потребата за потврда или натпреварување тешко ќе опстанат, додека оние што се темелат на слобода и меѓусебно почитување ќе станат уште посилни. До 2028 година Водолиите ќе имаат можност целосно да го променат својот животен правец и конечно да почнат да живеат во согласност со себе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk