Мурињо им оддаде признание на луѓето од зад сцената: Пред топката да тапне на терен…

Дерби

29/07/2026

14:31

220

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо може да биде задоволен од реакцијата на играчите кои ги има на располагање во оваа фаза од летните подготовки, бидејќи Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар на кој славеше со 4:1.

Леганес беше гостин во тренинг комплексот на „кралевите“ и ги тестираше силите на избраниците кои ги води Мурињо, кој еден ден по победата реши да им оддаде признание и на луѓето кои вредно работат за да им овозможат врвни услови на него и на фудбалерите.

Португалскиот стручњак е долго на фудбалската сцена и знае колку малите нешта знаат да бидат клучни за успех на еден тим, па во период кога главен фокус е на тоа што се случува на тренинзите, Жозе им даде на значење на луѓето од зад сцената.

– Пред топката да тапка на теренот, вредни луѓе работат зад сцената….., – порача Мурињо.

Жозе тука мислеше на куварите кои се грижат за добар оброк за фудбалерите од првиот тим, на работниците кои овозможуваат канцелариите да ги имаат сите потребни услови, но и на наворешните работници кои се грижат за најдобра можна дренажа на тренинг теренот.