Гвардиола ја шокираше Италија: Каталонецот ги разгневи Италијанците со астрономско финансиско барање

Точка

24/07/2026

12:01

1.296

Големина на фонт

а а а

Во Италија потсетуваат на милионите евра што Пеп Гвардиола ги заработи во својата кариера, откако побарал огромна плата за да ја преземе клупата на Аѕурите.

Предмет на расправа во Италијанската фудбалска федерација и понатаму е потрагата по нов селектор, кој треба да ја преземе репрезентацијата по неуспехот да се пласира на трето последователно Светско првенство. Во последните денови како едно од водечките имиња се споменуваше Пеп Гвардиола, но неговото финансиско барање целосно ги олади односите со Италијанската фудбалска федерација.


Астрономските барања на каталонскиот тренер

Според пишувањето на италијанскиот весник „La Gazzetta dello Sport“, каталонскиот тренер побарал 20 милиони евра по сезона за да ја преземе клупата на италијанската репрезентација – сума која во Италијанската фудбалска федерација ја сметаат за недостижна и двојно поголема од она што се подготвени да го понудат.

Во Италија многумина веруваат дека ваквото високо барање всушност било елегантен начин Гвардиола да ја одбие понудата, имајќи предвид дека претходно најави дека по заминувањето од Манчестер Сити планира извесен период да се одмори од тренерската работа.


„Заработи стотици милиони, парите не треба да му бидат мотив“

Сепак, во италијанската јавност се разви жестока дебата. Дел од медиумите и аналитичарите потсетуваат на стотиците милиони евра што Гвардиола веќе ги заработи во својата богата тренерска кариера, водејќи ги Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, истакнувајќи дека парите не би требало да бидат пречка доколку навистина сака да го прифати предизвикот да ја води една од најтрофејните репрезентации во светот.


Дали Гвардиола воопшто е вистинското решение?

Од друга страна, дел од италијанската фудбалска јавност смета дека ангажирањето на Гвардиола би било погрешен потег за Аѕурите во овој момент, нагласувајќи дека на репрезентацијата ѝ е потребен селектор кој одлично го познава домашниот фудбалски систем, а не скап проект кој дополнително би ја оптоварил Федерацијата.