Рафаел Леао е дел од италијанскиот великан Милан од 2019 година, клуб со кој има договор до 2028 година, но токму ова лето може да биде негово последно на „Сан Сиро“.
Во таборот на Милан долго време очекуваа Португалецот да преземе поголема одговорност, да биде вистински лидер, предводник и затоа е и најплатен играч во екипата, меѓутоа од сезона во сезона напаѓачот како да игра се полошо и полошо и „црвено-црните“ веќе се отворени за разделба, нешто што не беше случај во минатотo.
И самиот Леао пред некое време порача дека е спремен за нов предизвик, односно дека тоа му е потребно, па како што стојат работите тој е на излезна врата и покрај тоа што неговиот сонародник Рубен Аморим беше назначен за тренер на калчолигашот.
- Веќе разговарав со клубот за можноста да пробам ново искуство. Не знам што ќе се случи, морам да се појавам во Миланело на 29-ти, и додека сум таму, секогаш ќе го давам најдоброто од себе и ќе го почитувам дресот што ми даде сè.
- Тоа е клуб кој ми помогна многу на толку многу различни начини, но во животот имате и други амбиции. Ќе ги проучам опциите, но засега останувам играч на Милан, - рече напаѓачот.






