Мендиета за играчот кој секогаш е на вистинско место: Може да си замине од Арсенал…

Дерби

22/07/2026

12:47

234

Големина на фонт

а а а

Зад нас е Светското првенство и сега фокусот ќе се префрли на клупските натпреварувања иако ќе мораме да почекаме до август за оние најдобрите со тоа што дотогаш ќе имаме мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига на УЕФА.

Се очекува да биде доста интересно на трансфер пазарот, а особено треба да се внимава на оние кои имаат најмногу средства како Англичаните. Веќе видовме трансфери со луди суми за играчи за кои прашање е дали толку вредат, но е тоа што е токму поради тоа можат да се случат и нови „бомби“.

Потенцијалното заминување на Микел Мерино од Арсенал не би била „бомба“, но би било удар за првакот затоа што Шпанецот е навистина супер играч, џокор кој скоро секогаш е на вистинското место и потврда за тоа одново добивме и на СП каде даде два клучни гола во нокаут фазата.

- Микел Мерино нема да ужива да биде играч на клупата во Арсенал. Тоа функционира во националниот тим поради неговата специфична улога и неодамнешните голови, што им ги олеснува работите на сите.

- Сепак, тој е амбициозен играч кој сака да биде во почетниот состав. Ако не е, може тоа да го побара на друго место. Националниот тим е различен, со улоги за играчи како Ојарзабал или Борха Иглесијас. Во клупска средина, не сакате да бидете 12-тиот играч кој влегува само кога се потребни голови. Тој сака да игра редовно, - смета некогашниот шпански репрезентативец Гаизка Мендиета.

Мерино е под договор со „топчиите“ до 2028 година.