Барселона ќе има сосема поинаков лик во новата сезона, си заминаа голем број на играчи, клубот досега ангажираше шест нови имиња, се очекуваат уште потписи, а во меѓувреме клубот конечно го затвори најважното прашање, тренерската позиција.
Чави Пасквал не сакаше да продолжи и одлучи експресно да го заврши новиот мандат, па Барса во изминатиов период се мачеше да пронајде тренер. Се споменуваат повеќе опции за да на крајот изборот падне врз актуелниот селектор на Словенија, Александер Секулиќ.
Секулиќ последниот ангажман го имаше во Дубаи со кого ја освои АБА лигата. Тој со каталонците потпиша до 2028 година и со тоа влезе во историјата на клубот како прв Словенец тренер на шпанскиот великан.
Минатата сезона тој воедно го водеше и Ненад Димитријевиќ во Зенит, a во досегашната кариера има работено уште во родната земја и Чешка.







