Македонскиот шампион Вардар е пред нова европска задача, овојпат во рамките на Конференциската лига на УЕФА каде ги очекува соочување со Рига од Летонија.
Вардарци паднаа на првиот испит против Купс и тоа воо двобој во кој двете екипи добија по еден натпревар, но домашниот пораз од 2-0 беше пресуден за скопскиот тим биде елиминиран. Меѓутоа тоа е веќе зад нив, Рига е нова шанса, ривал кој треба да се почитува, ама не и да се преценува.
- Ја анализиравме екипата на Рига заедно со стручниот штаб, сериозен противник, но и противник кој има слабости и треба да ги искористиме. Не очекува тежок натпревар во кој ќе одлучуваат нијанси, - истакна дефазивецот Михаил Маневски.
Репрезентативецот Бобан Николов е оптимист и верува ако ја повторат играта од реваншот со Купс, ќе забележат победа.
- Оптимисти сме, се надевам ќе излезе како на натпреварот со Купс во Финска, многу ќе зависи од нас. Ако одиграме машки и цврсто како во Финска нема да имаме проблем. Го почитуваме противникот, но и ние се прашуваме, -рече Николов.
Офанзивецот Горан Закариќ верува дека како група ќе се претстават во најдобро светло.
- По онаа несреќна елиминација од Купс во ЛШ, вртиме нов лист, сериозен противник, мораме да го сфатиме мечот максимално сериозно. Секој од нас да го даде маскимумот, најдоброто затоа што само така можеме да дојдеме до добар резултат. Криво ни е поради тој прв натпревар во ЛШ, одигравме под нашео ниво, имаше грешки. Ќе се обидеме тоа да го исфрлиме и со добар пристап на сите да дојдеме до добар резултат, - порача Закариќ.
Средбата е закажана за вечерва од 20 часот на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.







