Челси „добил корпа“ за англиски репрезентативец, понудата била 64 милиони фунти!

Дерби

22/07/2026

11:03

194

Големина на фонт

а а а

Челси нема да игра во Европа во следната сезона, но и покрај тоа клубот прави сериозни инвестинции ова лето, па доведени се Морган Роџерс и Марко Палестра, а и некои други играчи за кои останува да видиме дали ќе има место во натпреварувачката 2026/2027 или ќе бидат отстапени во други клубови.

„Сините“ не планираат тука да застанат, бараат стопери и желба е Лакроа од Кристал Палас, меѓутоа тоа не е единствената желба.

„Би-Би-Си“ пренесува дека Челси понудил 64 милиони фунти за Алекс Скот од Борнмут, понуда која веднаш била одбиена со јасна порака да не си го трошат времето. „Црешите“ немаат потреба да продаваат и покрај тоа што Скот има договор до 2028 и засега не сека истиот да го продолжи.

Алекс ги има минато сите младински категории на англиската репрезентации и само прашање на време е кога официјално ќе дебитира за А тимот затоа што постојано е присутен и беше дел од тренинг кампот на националниот тим пред СП.

Скот според информации е следен и од Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем и останува да се види дали на крајот ќе остане на „Виталити“.