Италија е во потрага по нов селектор, нова енергија која треба да биде продолженија на она што се случи во претходниов период, назначувањето на Џовани Малаго за прв човек на фудбалската федерација, а потоа и ангажманот на Паоло Малдини како технички директор и Леонардо како негов советник.
Малдини и Леонардо бараат соодветно име за селектор со тоа што во моментов се обидуваат да „уловат“ голема „ѕверка“ и тоа во името на Пеп Гвардиола. Тие имале контакти, разговори со Шпанецот, се прават обиди и Италијанците дури и се подготвени да направат исклучок и да ги задоволат сериозните финансиски барања на трофејниот стручњак.
- Постојат одредени финансиски аспекти што треба да се земат предвид и е потценување да се каже дека ќе мора да стиснеме заби за ова. Направени се некои исклучоци, на пример исклучоци што се однесуваат на името што во моментов прави толку многу бранови: Пеп Гвардиола. Немам потреба да седам тука и да ги објаснувам очигледните причини зошто тој би бил исклучок, но тоа не е гаранција дека ова ќе помине, - истакна Малаго кој посочи дека Пеп, Андреа Пирло и Роберто Манчини не се единствените стручњаци на кој Италијанеците гледаат како потенцијални селектори.
- Апсолутно не, размислуваме за одреден профил, а овие имиња дефинитивно се во таа категорија, -заврши претседателот на ФИГС.







