Крајот на Светското првенство традиционално носи старт на многу голема раздвиженост на трансфер пазарот, а неполни три дена по финалето во Њу Џерси, пристигна официјална потврда за веста која нечујно се пласираше во јавноста, но кога сега е и дефинитивно потврдена.
Неполн месец откако Манчестер Сити договори британски трансфер рекорд за Елиот Андерсон во висина од 116 милиони фунти, оваа сума од денеска паѓа во втор план, а причина за тоа се Челси и Морган Роџерс.
„Лондонските сини“ ја победија конкуренцијата и успеаја експресно да се договорат со англискиот репрезентативец, кој за сума од 117 милиони фунти се сели на „Стемфорд Бриџ“.
Искалкулирано во евра, транасферот на Роџерс изнесува 137 милиони и ова е нов британски трансфер рекорд, факт кој само покажува дека трансфер пазарот достигна нови височини во последните неколку години.
Signed for the Blues. 🔵✔️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 21, 2026
– Многу сум возбуден и среќен. За мене Челси е најголемиот клуб во Лондон, тоа е клуб на кој отсекогаш сум се восхитувал од дете.
– Навистина сум возбуден за целиот проект со новиот менаџер, за играчите кои играат тука и за правецот во кој се движи клубот. Дојдов тука поради проектот и едвај чекам да стартувам со новите соиграчи, – изјави досегашната ѕвезда на Астон Вила.







