Шпанија стравува пред финалето: Јамал не тренираше со тимот

Точка

16/07/2026

21:58

450

Големина на фонт

а а а

Шпанската репрезентација доби неочекувана причина за загриженост пред финалето, откако Ламин Јамал не го одработи групниот тренинг со остатокот од екипата.

Талентираниот фудбалер на Барселона тренираше по посебна програма, а шпанските медиуми наведуваат дека на левата натколеница носел заштитен завој. Веста веднаш привлече големо внимание, особено затоа што Јамал веќе во завршницата од полуфиналниот натпревар против Франција покажа знаци на непријатност на теренот.

Сепак, првите информации од таборот на „Црвената фурија“ ги смируваат навивачите. Како што пренесуваат „Marca“, „AS“ и „Mundo Deportivo“, нема стравувања од посериозна повреда, туку станува збор за последици од големиот физички напор и исцрпеноста по тешкиот полуфинален дуел.


Стручниот штаб, предводен од селекторот Луис де ла Фуенте, одлучил да не ризикува со еден од најважните играчи во тимот, па на Јамал му бил одреден индивидуален режим на работа за целосно да закрепне пред решавачкиот натпревар.


Според истите извори, се очекува младиот офанзивец да биде целосно подготвен за неделното финале и да му биде на располагање на селекторот, кој сериозно смета на него во борбата за нова титула на Шпанија.