Интересен рекорд! Сите зборуваат за Аргентина и Шпанија, но еден клуб ќе го одбележи финалето на Светското првенство

Точка

16/07/2026

14:59

581

Големина на фонт

а а а

Иако вниманието е насочено кон Аргентина и Шпанија, еден клуб ќе испише посебна историја во финалето на Светското првенство.

Имено, Атлетико Мадрид ќе има најмногу свои фудбалери во финалето – дури 10 играчи, според достапните состави на двете репрезентации.

Големото финале на Светското првенство 2026 носи судир на две фудбалски велесили. Во недела, на 19 јули, со почеток од 21:00 часот, на стадионот во Њујорк, за титулата светски шампион ќе се борат Шпанија и Аргентина.


Додека фудбалскиот свет ќе се прашува дали Аргентина ќе ја одбрани титулата освоена пред четири години или Шпанија, по европската, ќе ја освои и светската круна, еден интересен податок е поврзан со мадридскиот клуб Атлетико.

Имено, Атлетико Мадрид ќе има најголем број свои играчи во финалето, дури 10 фудбалери, според официјалните состави на репрезентациите.

Со тоа, мадридскиот клуб продолжува неверојатна серија, бидејќи третпат по ред ќе има најмногу свои претставници во финалето на Светското првенство.


Боите на Шпанија во финалето ќе ги бранат четворица фудбалери на Атлетико – Маркос Љоренте, Марк Пубил, Алехандро Грималдо и Алекс Баена.

Од другата страна, аргентинската репрезентација има дури шест претставници од мадридскиот клуб – Хуан Мусо, Науел Молина, Тијаго Алмада, Џулијано Симеоне, Нико Гонзалес и Хулијан Алварез.


Атлетико и претходно имаше силно присуство во завршниците на Мундијалите.

На Светското првенство 2018, клубот имаше четворица играчи во финалето – Шиме Врсаљко, Антоан Гризман, Лукас Ернандез и Томас Лемар.


Во финалето на Светското првенство 2022, пак, настапија Антоан Гризман, Родриго Де Пол, Науел Молина и Анхел Кореа.

Исто така, важно е да се напомене дека Нико Гонзалес, правно гледано, е играч на Јувентус кој настапува како позајмен фудбалер, но бидејќи во регуларниот дел од сезоната играше за Атлетико Мадрид, тој е вклучен во оваа статистика.