Англија пропушти голема шанса да се најде во едно финале на Светско првенство после цели шест децении, па иако беше на дофат на завршницата во Њу Џерси, на крајот сосема заслужено доби тежок нокаут од Аргентина и остана на дофат на второ финале.
Аргентина наметна страшно темпо во завршницата и тоа беше потпомогнато од Томас Тухел кој играше со шест дефанзивци во клучната фаза од мечот, па откако „гаучосите“ постигнаа два златни гола вредни полуфинале, Германецот имаше очајнички обиди да го размрда тимот со Рашфорд и Тони.
Во ситуација кога се бранеа повеќе од 30 минути, Англичаните не создадоа ниту една опасна шанса за да изборат продолженија, а според Вејн Руни, не ни заслужиле такво нешто поради тактиката за која се определи селекторот.
Легендарниот напаѓач го впери прстот и го посочи Тухел како главен виновник за поразот, особено поради тоа што смета дека неговите потези влијаеле негативно и врз самодовербата на фудбалерите.
– Се распаднавме како целина и таквиот пад почна со одлуките кои ги донесе селекторот. Се одлучи да игра премногу пасивно и бевме казнети за тоа. Против овој тим, против светските шампиони, никогаш нема да се извлечете со ваков пристап. Ова беше најголемиот тест за нас како репрезентација и не успеавме во намерата да стигнеме до финале.
– После измените кои ги направи селекторот на 1:0, имав чувство дека нема да стигнеме до продолженија ако примиме еден гол. Како напаѓач ако гледате како селекторот вади играчи од офанзивата и става дефанзивци, почнувате сами да размислувате дека мора да се браните. Губите верба во напаѓачките способности и се фокусирате на страдање и чување на својот гол. Тимот влезе во паника и не излезе од таа паника, не може да постигнеш втор гол кога мислиш како да не примиш гол.
– Ако им дозволиш на играчи со таков квалитет да ја имаат топката во свој посед и да кружат околу твојот шеснаесетник, порано или подоцна ќе примиш гол. На крајот тоа и ни се случи, – изјави Руни.











