Меси: Нека зборуваат што сакаат, но докажавме пред цел свет една важна работа

Дерби

16/07/2026

10:45

284

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси одново беше клучен фактор во една голема победа на Аргентина на мундијалска сцена, бидејќи капитенот на „гаучосите“ испорача две асистенции во импресивниот пресврт кој го режираше актуелниот светски шампион.

Аргентина одново беше пред елиминација на ова Светско првенство и повторно покажа карактер кога беше најпотребно, а опсадата која ја понуди пред голот на Англија на крајот резултираше со два погодоци во мрежата на Пикфорд.

Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез погодија по додавање од својот капитен, кој по средбата со големи емоции го славеше новиот голем успех и пласманот во финалето на Светско првенство.

– Повторно имаше многу сомнежи околу нас, не гледаа под лупа пред турнирот, но јас знаев дека оваа група секогаш се натпреварува и секогаш дава се што има кога е заедно. Бев сигурен дека ќе бидеме меѓу четирите најдобри во светот, а благодарение на Бог, сега сме меѓу двете најдобри. Дојдовме по победа на Светско првенство, во последните четири години сме најдобри во светот, без разлика дали им се допаѓа тоа на луѓето, или не.

– Нека зборуваат што сакаат, уште еднаш докажавме една важна работа пред цел свет. На теренот никој не ни подарува ништо и никогаш не се откажуваме, затоа радоста е огромна. Беше неверојатно да го доживееме она што го доживеавме, иако рековме дека е само фудбалски натпревар и го игравме на тој начин, понекогаш е тешко да се контролира емоцијата. Имаме своја историја со Англија и мислам дека почувствувавме нешто посебно од самиот почеток на химната. Ова беше натпревар што никој од нас Аргентинците не сакаше да го изгуби, – изјави Меси.