Третиот натпреварувачки ден од четвртфиналната фаза е резервиран за дуел меѓу Норвешка и Англија, а во пресрет на натпреварот кој се игра утре, главна ѕвезда меѓу „викинзите“ дефинитивно е Ерлинг Халанд.
Неверојатниот напаѓач досега запиша седум голови на својот дебитантски мундијал и продолжува да го носи тимот кон завршната фаза, но сега на нивниот пат стои Англија која дефинитивно има уште поголеми амбиции на ова Светско првенство.
Англија влегува како фаворит за пласман меѓу четирите најдобри на мундијалот поради ширината на составот и квалитетот кој го поседуваат голем број играчи, па иако за тоа е свесен и Халанд, сега ѕвездата на Манчестер Сити побара и мала услуга од англиските новинари.
Во разговорот со нив во пресрет на мечот кој се игра утре, Ерлинг побара од новинарите да извршат уште поголем притисок врз Англија, бидејќи така работите ќе станат потешки за нив на фудбалскиот терен.
– Целиот притисок е на Англија, ние може да играме опуштено. Англија е изразит фаворит и мислам дека вие новинарите треба да направите уште поголем притисок врз нив пред натпреварот, – изјави Халанд.
– Треба да останат скромни, но исто така и самоуверени дека се големи фаворити за пласман во следната фаза. Станува збор за Англија и нема што да се додаде, – изјави Халанд.
Erling Haaland told the media to put the 'pressure on the English lads’ ahead of Norway’s clash with England 🇳🇴😅 pic.twitter.com/5IbYDKAgKQ
— Sky Sports Football (@SkyFootball) July 9, 2026







