[ФОТО] Големото срце на Ерлинг Халанд: Со подарок им пружил утеха на родителите чиј шестгодишен син загина

Точка

09/07/2026

20:41

1.085

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд длабоко ја трогна јавноста и семејството на шестгодишното момче Денис, кое трагично загина во сообраќајна несреќа во Норвешка.

Откако дознал дека бил најголемиот идол на несреќното момче, фудбалерот на Манчестер Сити одлучил, заедно со своите родители, да испрати емотивен пакет до неговото семејство.

На адресата на неутешните родители пристигнале потпишан дрес на норвешката репрезентација и трогателно, рачно напишано писмо со поддршка.

Оваа несреќа ја потресе целата скандинавска земја, а гестот на славниот напаѓач ја покажа неговата исклучителна човечка големина надвор од фудбалските терени.


„Драги родители, Матијас и Тирил,

Наше најдлабоко сочувство до сите вас по заминувањето на Денис. Како родители, браќа и сестри, навистина не можеме ниту да замислиме низ што поминувате, но ве молиме да знаете дека нашите топли мисли се со вас во овие исклучително тешки моменти. Дознавме дека Денис го сакал фудбалот. Затоа сакавме да ви го испратиме ова.

Срдечен поздрав,

Ерлинг Халанд
Семејството Халанд“.


Родителите на малиот Денис јавно изразија огромна благодарност, бидејќи ваквиот знак на внимание им пружа неизмерна утеха во најтешките животни мигови.

Јавноста ширум светот со голема почит го проследи овој чин, истакнувајќи дека Халанд, и покрај светската слава, не го изгубил чувството за емпатија и солидарност.