Бугарски коментатор претстави холивудска ѕвезда како легендарен бразилски голман, Бербатов се прсна од смеа

Дерби

09/07/2026

11:37

248

Големина на фонт

а а а

Натпреварите на Светското првенство кои се играат во САД се магнет за многу познати лица од шоу бизнисот, а во прв план се и големите холивудски ѕвезди кои не пропуштаат шанса да ги следат натпреварите во живо.

Покрај големите фудбалски ѕвезди од минатото кои се редовен колаж од најголемите настани, турнирот на кој главен домаќин е САД овозможи да видиме холивудски ѕвезди на трибините, а меѓу нив се најдоа и Вуди Харелсон и Крис Рок.

Двајцата седеа еден до друг и во живо го следеа осминафиналето меѓу Норвешка и Бразил, но покрај тоа што привлекоа внимание за главниот режисер, станаа хит на Балканот и поради еден голем гаф на бугарски коментатор.

Новинарот од соседството го помеша Вуди Харелсон со славниот бразилски голман, Клаудио Тафарел, а видеото доби посебно значење и поради урнебесната преработка од сериџиите на социјалните мрежи.

Ова видео допре и до Димитар Бербатов, кој како голема бугарска фудбалска легенда не остана имун и слатко се изнасмеа на киксот со реакција во коментарите.