Вардар го официјализираше ростерот: Седум засилувања и тим кој треба да ги задоволи апетитите на Чупиќ

Дерби

09/07/2026

16:16

215

Големина на фонт

а а а

Михајло Михајловски најави неколку звучни засилувања за новата сезона во ексклузивното интервју кое го одработи за „Спортско радио 90,3 фм“ на крајот на сезоната, а во период кога се е подготвено за старт на подготовките, Вардар како клуб го објави официјалниот ростер за новата кампања.

Македонскиот првак се враќа во европскиот крем и ќе биде дел од Лигата на шампиони, па со цел да се оправдаат очекувањата и да се создаде конкурентен состав, тимот на Иван Чупиќ беше засилен со седум ракометари.

Заминувањата на Боно, Хориха, Еспиња, Танкоски и Марцинијак оставија простор за ангажман на нови ракометари, а вкупно на број пристигнаа седум нови имиња.

Тоа се Милам Бомаштар кој дојде од француски Шартр, Мохаб Абделхак од Кил, Леон Љевар од Слован, Матео Фадуил од Трембле, Марко Ѓорчевски од Пролет, Бобан Поповски од Мулти Есенс и Никола Нешовски кој е прекомандуван од Академијата на Вардар.

Покрај седуммината, подновениот тим на Вардар го комплетираат имиња кои се прикажаа во одлично светло минатата сезона, а тоа се Валах, Гогов, Стојановски, Кеита, Тузолана, Воркапиќ, Георгиевски, Педро, Малус, Митровиќ, Лазаревски, Анастасовски и Јанковски.