На врвот во една категорија: Роналдо израмни антирекорд на Светските првенства

Дерби

07/07/2026

12:03

285

Големина на фонт

а а а

Португалија не се прослави на 23. Светско фудбалско првенство, настан на кој доживеа елиминација во осминафиналето од соседот Шпанија.

Овој неуспех ќе донесе промени во националниот тим, селекторот Роберто Мартинез си заминува, а останува да се види каква ќе биде иднината на дел од играчите особено на Кристијано Роналдо. Напаѓачот веќе порача дека ова му е последно СП, но не истакна и дека репрезентативната кариера му е завршена.

И додека се чекаат одговори, статистиката, бројките се тие кои се, па Кристијано израмни антирекорд кога се во прашање мундијалите. Негативниот резултат против Шпанија значеше дека Роналдо е на страна на поразените дури осумпати со што е на врвот на листата на најмногу порази на СП заедно со Метју Леки, Сон Хеунг Мин, Антонио Карбахал и Хонг Мјунг-Бо.

Воедно од 1966 година па наваму, Кристијано е играчот со најмногу упатени удари на едно СП (17), а притоа да не создаде ниту една шанса за соиграчите.

Вкупно гледано голгетерот одигра десет средби во нокаут фазите на мундијалите и постигна само еден гол оној против Хрватска од пенал во 2026 година.