Највозрасниот англиски репрезентативец заработи тешка скршеница за време на прославата на победата против Мексико

Дерби

06/07/2026

17:43

262

Големина на фонт

а а а

Инволвираноста на Џордан Хендерсон на ова Светско првенство беше минорна кога е во прашање минутажа која ја доби, а со исклучок на мечот со Панама кога влезе во завршницата, некогашната ѕвезда на Ливерпул не доби ниту една минута на останатите средби.

Така беше и рано утрово против Мексико на „Ацтека“ стадионот, па во ситуација кога никој не зборуваше за него, самиот се погрижи да се најде во центарот на вниманието.

Хендерсон заработи една од најбизарните повреди во историјата на светските првенства, а сега пристигна потврда дека станува збор за потежок проблем.

Џордан заработил скршеница на раката и ќе мора да прави операција, откако неговиот пад од реклманото пано резултирало со фрактура која бара посложен зафат.

Ова значи дека Хендерсон ќе мора да направи операција на раката, а со тоа автоматски ќе мора да го напушти англискиот репрезентативец камп и става крај на мундијалот.