Лацио не попушта и ја одби првата понуда на Милан за клучниот дефанзивец

Дерби

07/07/2026

11:28

172

Големина на фонт

а а а

Милан повлече неколку важни потези во досегашниот преоден рок, доведе нов тренер во името на Рубен Аморим, потроши огромна сума на пари за ангажман на португалскиот репрезентативец Гонсало Рамош, а следна цел е да ја засили дефанзивната линија.

Трансфер мета на „росонерите“ е еден од клучните играчи на Лацио, Марио Хила. Лацијалите се подготвени да се разделат со Шпанецот, ама под нивни услови и веќа ја одбиле првата понуда на Милан вредна 25 милиони евра.

Клубот од Рим бара најмалку 30 милиони евра затоа што 50 проценти од парите ќе завршат на сметка на Реал Мадрид.

Стоперот веќе ги има договорено личните условите и сега останува двата италијански прволигаши да пронајдат заеднички јазик за комплетирање на операцијата.

Марио има 25 години и договор со сегашниот тим до 2027 година.