Кејн остана без глас и зборуваше како Мики Маус, Руни, Ричардс и Харт се „скинаа“ од смеење

Дерби

07/07/2026

12:25

234

Големина на фонт

а а а

Англија ја доби битката со Мексико во Мексико Сити и остана во игра за пехарот на 23. Светско фудбалско првенство.

„Гордиот албион“ ја доби драмата со пет гола, мечот во кој најголемиот дел од второто полувреме го одигра со играч помалку, но покажа карактер, пронајде начин да даде погодок и со десетмина на теренот и на крајот да слави со 3-2.

Хари Кејн беше еден од играчите кој имаше огромна улога за овој триумф, но токму фудбалерот на Баерн Минхен имаше необично интервју затоа што комплетно го изгуби гласот и сосема очекувано неговиот настап стана вирален.

Беше доста комично, па стручните лица на „Би-Би-Си“ во имињата на Вејн Руни, Џо Харт и Мајка Ричардс не можеа да издржат и се скинаа од смеење.