[ФОТО] Млеко 198, нескафе 550, чоколадо 220 денари: Македонка која живее во Осло објави цени од тамошните супермаркети - првиот пат кога дојдов не можев да им поверувам на очите...

Точка

07/07/2026

16:10

2.326

Големина на фонт

а а а

Животот во една од најскапите земји во светот секогаш буди љубопитност, особено кога станува збор за секојдневните трошоци. Токму затоа објавите на Славица Савеска-Кењереш од Скопје, која веќе повеќе од една деценија живее во Норвешка, редовно привлекуваат внимание кај нејзините следбеници.

Славица, која по професија е дипломиран економист, од 2012 година живее во Осло заедно со сопругот и нивните две ќерки. Преку својот Инстаграм профил „Семејство на пат“, таа со години споделува автентични приказни од семејните патувања, интересни дестинации, секојдневни искуства и корисни совети за животот во странство.


Овојпат, наместо од некоја егзотична дестинација, вниманието го привлече со фотографии веднаш по враќањето во Осло. Таа ги однесе своите следбеници во локален супермаркет, каде што покажа какви се моменталните цени на основните прехранбени производи во Норвешка.

Нејзината објава предизвика голем интерес, бидејќи многумина сакаа да видат колку навистина чини животот во земјата која важи за една од најбогатите, но и најскапите во Европа. Преку конкретни примери од полиците во маркетот, Славица им овозможи на своите следбеници одблизу да споредат колку би ги чинела секојдневната кошничка во Осло во однос на цените во Македонија.


Славица под нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм напиша: 

„Првиот пат кога дојдов во Норвешка во 2012 година, не можев да им верувам на очите…

Кога ги видов цените во продавниците, доживеав вистински шок! Споредбено со дома, овие тука беа даааалеку повисоки.

Ти дали би доживеал/а шок од норвешките цени?“.